Иницијатива за бојкот и на угостителските објекти – граѓаните бараат подобра услуга

Покрај маркетите, да се бојкотираат и угостителските објекти – незадолството од високите цени но и лошиот квалитет на услугата, реагираат граѓаните, кои на социјалните мрежи заговараат народот да олабави со ручеци и вечери во ресторанти. Високите цени кои охриѓани, преку цела година ги плаќаат за едно испиено кафе или ручек во некои од локалните ресторани, е причина зошто се погласни се барањата преку социјалните мрежи, освен маркетите да се бојкторираат и угостителските објекти.



Дел од економистите велат дека инфлацијата и цените на продуктите не се доволна причина за скапите цени во рестораните и оти инфлацијата сега изнесува само 4%.

  • Доколку успавме со бојкотот на супер маркетите да го намалиме приходот за 47% за еден ден, иако не доволно организиран беше бојктотот, тогаш би го намалиле приходот и на угостителските објекти со што ќе ги доведеме угостителите до позиција да размислат дали до недоглед да ги зголемуваат цените и да очекуваат ние да одиме таму“, рече Константин Задравески-економист.

Инаку, вечна е дилемата дали Охрид е ценовна туристичка стапица за гостите, пренесе Алфа ТВ. Мислењата се поделени, дел од туристите велат дека хотелско-угостителските услуги не се превисоки само плиткиот џеб на македонските граѓани, цените празнично јануарски ги вџашија дури и печалбарите. Од еснафот на угостители пак цврсто стојат на ставот дека Охрид е поефтин не само од опкружувањето туку и од многу дестинации во државава кои воопшто не се атрактивни.