Индија и Пакистан на чекор до војна

Индиската армија ја започна воена операција при што се погодени четири цели во Пакистан и пет во Кашмир со балистички ракети, соопшти индиското Министерство за одбрана.



Кратко време подоцна, Пакистан возврати дека ракета ја погоди индиската база во Сринагар. Пакистанската армија започна напад во областите Купвара и Барамула.

Пред нападот, Индија ги информираше САД, Русија, Велика Британија, Саудиска Арабија и ОАЕ за своите намери.

Двете страни изјавуваат дека размената на удари е привремена и може да се прекине преку преговори.

„Индија изврши ракетни напади врз Котли, Бахавалпур и Музафарабад во спорниот регион Кашмир“, потврди генералниот директор на Заводот за односи со јавноста на Пакистан (ISPR), Ахмед Шариф Чаудри.

Според официјалните пакистански податоци – погодени се медреса и џамија, 26 лица се убиени, 46 се повредени.

Индија дава слични податоци за штетите на индиска територија – 10 убиени и 48 повредени.

Ова е драматична ескалација на односите меѓу две соседни земји кои поседуваат нуклеарно оружје. Ова се наведува во коментар на Би-Би-Си.

Иако постоеја очекувања дека Индија би можела да преземе некаква воена акција, интензитетот на ракетните напади врз пакистанска територија изненади многумина.

Индија тврди дека некои од местата што ги бомбардирала биле поврзани со терористи и не биле насочени кон пакистански воени објекти.

Пакистан се закани со одмазда, но неговата природа и цели ќе ја одредат контрареакцијата на Делхи.

Двете страни веруваат дека можат да ја контролираат ескалацијата, но тензиите се високи и тешко е да се предвиди текот на евентуален воен конфликт.