Ина Суслина е хит на минатиот ракометен викенд

Рускиот голман од редовите на ЖРК Вардар е една од трите ѕвезди во третото коло од женската Лига на ракометните шампионки. 39 годишната Ина Суслина имаше 15 одбрани во новиот триумф на црвено црните во групата Ц остварен кај Ларвик со 29-21 за што е сместена меѓу тие што го одбележаа викендот.



Во исто време една од тие интервенции е и петта најдобра одбрана на колото.