ИНА: ВМРО ДПМНЕ инсистира дека владината коалиција е стабилна, а Таравари од АА укажува дека владата ќе продолжи да функционира

„ВМРО-ДПМНЕ како една од најголемите партии на власт инсистира дека владината коалиција е стабилна. Посочувајќи дека оваа Влада ќе продолжи да функционира, Арбен Таравари, лидер на Алијансата за Албанците, укажува дека се потребни почести консултирања и синхронизирања меѓу политичките партии во власта.“ – пишува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА во својата редакциска статија со наслов „Има ли криза во владината коалиција?“.



ИНА истакнува: „ВМРО-ДПМНЕ како една од најголемите партии на власт инсистира дека владината коалиција е стабилна.“ – ова го истакна портпаролката на оваа партија Марија Митева.

„Имаме речиси двотретинско мнозинство во Собранието и ова укажува дека владината коалиција е стабилна. Владата е насочена кон проекти и мерки, кои значат подобар живот за граѓаните. Односите се во насока на стабилен политички дијалог за развој и економска преобразба.“ – нагласи Митева.

Жешките расправи меѓу коалициските партнери ги поттикна  изјавата на пратеникот на Вреди Халил Снопче, кој нагласи дека нивната коалиција ќе ја напушти Владата, ако се изгласа законот за македонските „бранители“.

„Со среќа нека ви е.“ – вака премиерот Христијан Мицкоски ја искоментира изјавата на пратеникот на Вреди Снопче, нагласувајќи дека не очекувал ваква изјава и оти не прифаќа условувања и уценувања.

Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, изјави дека се коректни односите меѓу партнерите во коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која се и Вреди и ЗНАМ. Тој посочува дека оваа Влада ќе продолжи да функционира. Но, според него, потребни се почести консултирања и синхронизирања меѓу политичките партии во власт. Таравари верува дека реакцијата на Снопче за законот за „бранители“ била, како што рече, таква каква што треба да биде. Но, Таравари се надева дека ќе има координација во владиното мнозинство и оти ќе се надмине „овој мал проблем“.