„Како што изгледа и Реџеп Таип Ердоган со својата личност и со својот авторитет како претседател на Турција е вмешан во изборите во Р*М!“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Пренесувајќи го соопштението на Салих Мурат, ИНА пишува: Кандидатот за пратеник од „Европскиот фронт“ во тетовско-гостиварската, шеста изборна единица Салих Мурат вчера во Истамбул се сретнал со Претседателот на Турција. Во врска со таа средба тој објави и соопштение.
„Денеска, на 20 април 2024 година имав средба со мојот стар и ценет пријател Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во палатата Долмабахче во Истамбул. Изразувам искрена благодарност поради оваа пријателска средба.“ – истакна Салих Мурат.





