Илјадници на протести против Трамп

Илјадници луѓе излегоа на улиците во САД за да протестираат против неодамнешните постапки на претседателот Доналд Трамп објави Би-Би-Си.



Познати како „50501“ (50 протести, 50 држави, 1 движење), демонстрациите беа темпирани да се совпаднат со 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна.

Демонстрантите упатија различни повици. Последните протести беа насочени кон голем број акции на Трамп, вклучително и неговата иницијатива за намалување на работните места и други трошоци во американската влада, како и неподготвеноста на администрацијата да го врати Абрего Гарсија, кој по грешка беше депортиран во Ел Салвадор.

Политичките протести стануваат се почести во САД. Демонстрациите „Раце долу“ на почетокот на април привлекоа десетици илјади во градовите низ земјата.

Многу демонстранти носеа плакати на кои пишуваше: „Нема кралеви“, повикувајќи се на годишнината од почетокот на револуцијата во земјата против британското владеење.