Мултимилијардерот Илон Маск, еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД треба да ги напуштат Обединетите нации и НАТО алијансата.
Маск реагираше на објавата на поддржувач на Трамп на “X“. кој напиша: „Време е да ги напуштиме ОН и НАТО“.
„Се согласувам“, напиша Маск
Оваа најава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и ЕУ и Украина во контекст на војната и напорите на Трамп за примирје. Трамп и претходно најави и презеде одредени повлекувања од меѓународните организации, додека трансатлантскиот сојуз и мултилатерализмот не му значаеле многу.




