Албански мигранти кои патуваат во Велика Британија објавуваат „скришно направени селфија“ на кои можат да се видат како се кријат во камиони додека влегуваат во земјата.
На снимките се гледа како група насмеани млади мажи во задниот дел на камионот држат цевки преку кои дишат свеж воздух додека се на „пат за Лондон“.
Некои страници на Фејсбук, вклучувајќи ја и онаа „Албанци во Лондон”, наводно нудат лажни лични карти или потврди за квалификации, како и детали за тоа како да резервираат место кај трговец со луѓе до 8.000 фунти.
Сликите наводно покажуваат како младите мажи го славеле нивниот нелегален влез во Британија додека се смеат и држат шишиња со алкохол.
Сликите се појавија откако висок функционер во албанската влада, ја обвини Велика Британија дека ги охрабрува младите Албанци илегално да влегуваат во Британија.
Мигрантите, вклучувајќи и малолетници без придружба, доаѓаат во Велика Британија за подобар живот, но тие се изложени на ризик да исчезнат и да станат жртви на модерното ропство.
Семејствата отворено признаа дека ги испраќаат своите деца илегално да влезат во Британија, но многу од нив завршуваат во згрижувачки семејства или се принудени да работат како дилери на дрога за албанските банди, објави „Дејли мејл“.
Претходно оваа година, Министерството за внатрешни работи откри дека едно од осум деца без придружба кои бараат азил во Британија доаѓаат од Албанија. Лани имало 407 барања минатата година – најмногу по малолетници од Авганистан.





