Остра размена на мислења меѓу претставниците на Иран и Израел, имаше на вонредната седница на Советот за безбедност нас ОН, додека светските сили дебатираа за сè посериозната воена ескалација меѓу двете земји.
Генералниот секретар на ОН предупреди дека светот „брза кон криза“, а постојаните европски членки на советот – Обединетото Кралство и Франција – повикаа на итна деескалација.
Но, жестоките тонови на иранската и израелската делегација открија колку се длабоко вкоренети нивните позиции.
Амбасадорот на Иран го нарече израелскиот напад „неиспровоциран“, тврдејќи дека нуклеарната програма на Иран е исклучиво мирољубива. Тој ги обвини Соединетите Држави за соучество, а остатокот од советот за неактивност и рече дека Иран ќе продолжи да се брани сè додека не завршат израелските воени операции.
Како одговор, амбасадорот на Израел го обвини Иран за „геноцидна агенда“ и тврдеше дека неговиот капацитет за нуклеарно оружје се развива побрзо отколку што некој мислеше. Тој рече дека Израел нема да престане да ги напаѓа иранските нуклеарни објекти сè додека заканата не биде „отстранета“.
Кина го обвини Израел за кршење на меѓународното право, додека Русија рече дека Израел покажал „очигледно непочитување на дипломатијата“.
Од друга страна, САД го нарекоа Иран „главен извор на терор на Блискиот Исток“, го потврдија својот сојуз со Израел и ги поддржаа неговите воени дејствија.






