Израел систематски ги напаѓа сириските воени постројки по соборувањето на бруталниот режим на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Сириската опсерваторија за човекови права, воен мониторинг со седиште во Британија, во изјава на 10 декември рече дека Израел ги „уништил најважните воени локации во Сирија“, додека израелските трупи биле распоредени во тампон зона во близина на висорамнината Голан, анектирана од Израел. Нападите по падот на Асад, се поради, како што соопшти израелската влада, од „безбедносни причини“, пренесе „Дојче веле“.
„Израел ги уништи најважните воени локации (250) во Сирија, вклучувајќи ги сириските аеродроми и нивните складишта, авионски ескадрили, радари, воени сигнални станици и многу складишта за оружје и муниција на различни локации во повеќето сириски локации“, се вели во соопштението на опсерваторијата.
Извештаите дојдоа додека премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел „го трансформира лицето на Блискиот Исток“ и ги победува своите непријатели „чекор по чекор“ во, како што рече, „егзистенцијална војна што ни е наметната“.
Нетанјаху рече дека режимот на Асад бил „централен елемент на иранската оска на злото“, обвинувајќи го за олеснување на „каналот за оружје“ меѓу Иран и либанската милиција Хезболах
Вашингтон, исто така, изведе околу 75 воздушни напади врз милитантите на Исламската држава (ИД), кои сè уште имаат присуство во Сирија, во последните денови за да ја спречи групата да ги искористи превирањата што следеа по падот на Асад.
Соединетите Држави имаа војници во Сирија во последните 10 години за да се борат против ИД.
„[ИД] ќе се обиде да го искористи овој период за да ги обнови своите способности, да создаде безбедни засолништа“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 9 декември.
„Како што покажуваат нашите прецизни напади во текот на викендот, ние сме решени да не дозволиме тоа да се случи “ пренесе „Дојче веле“






