Врховниот суд на Израел привремено го запре владиниот план да испрати група палестински пациенти кои се лекуваат во болниците во Источен Ерусалим и Тел Авив назад во Газа.
Одлуката уследи по петицијата на израелската непрофитна организација Лекари за човекови права-Израел..
„Враќањето на жителите во Газа за време на воен конфликт и хуманитарна криза е против меѓународното право и претставува намерен ризик за невини животи“, изјави вчера портпаролот на организацијата Ран Јарон.
„Уште повеќе кога станува збор за пациенти кои ќе се соочат со ‘смртна казна’ поради нехигиенски услови и глад, заедно со немање пристап до медицинска нега“.
Палестинците требаше да бидат превезени со автобус во Газа утрово. Меѓутоа, по привремената судска забрана, израелската влада го одложи тоа барем до понеделник, изјавија болничките службеници за Си-Ен-Ен.
Меѓу Палестинците, од кои повеќето се лекуваат до болниците во Ерусалим од израелските власти пред 7 октомври, има пет новородени бебиња и нивните мајки кои живееле во болницата Макасед во источен Ерусалим.
Групата вклучува и пациенти со рак кои се лекуваа во болницата Аугуста Викторија, велат болнички и хуманитарните службеници за Си-Ен-Ен.






