Израел постигна договор со Хамас за ослободување на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рано денескапотврди дека е постигнат договор за враќање на заложниците кои се држат во Појасот Газа, еден ден откако кабинетот на премиерот соопшти дека во последен момент имало проблеми во разговорите, пренесе АП.



Вчера, канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека владата нема да се состане за да го одобри договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на десетици заложници додека Хамас не се повлече.

Групата беше обвинета за откажување од делови од договорот во обид да добие дополнителни отстапки.

Во меѓувреме, во израелските напади во Појасот Газа загинаа најмалку 72 лица од објавувањето на договорот за прекин на огнот, според Министерството за здравство на Газа.

Според договорот, кој се очекува да започне в недела, 33 заложници ќе бидат ослободени во следните шест недели во замена за стотици Палестинци затворени од Израел.

Останатите, меѓу кои и машките војници, треба да бидат ослободени во втората фаза, за која ќе се преговара во текот на првата.

Хамас соопшти дека нема да ги ослободи преостанатите затвореници без траен прекин на огнот и целосно израелско повлекување.