Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, премиерот Бенјамин Нетанјаху и началникот на Генералштабот Херци Халеви јасно ставија до знаење дека одговорот на Израел ќе дојде наскоро.



Иранската противвоздушна одбрана е ставена во состојба на готовност откако официјални лица во Израел соопштија дека израелската војска ги завршила подготовките за операција против Техеран.

„Го чекаме Израел. Веднаш штом ќе полета првиот авион, нашите ракети ќе бидат лансирани“, објавија иранските државни медиуми.

„Ќе му одговориме на Иран, но тоа мора да го направиме разумно, а не интуитивно“ им рекол Нетанјаху им рече на своите министри:

Тие (Иранците) треба да бидат под стрес како што ни направија нас“.

Нетанјаху престана да прима повици од странски лидери клои сакаат да извршат притисок врз Израел да се воздржи од воен одговор на ирански напад.

Нетанјаху побара од војската да гаѓа цели во Иран кои нема да резултираат со многу жртви, но ќе испратат јасен сигнал, објави Вашингтон пост.

Министерот за одбрана на Израел Јоав Галант му рекол на својот американски колега Л. Остин дека „Израел нема друг избор освен да одговори на иранскиот напад“.

Но, од Белата куча соопштија дека„САД не се вклучени во развојот на можен израелски одговор на иранскиот воздушен напад“.