Двајца белгиски министри повикаа на исклучување на Израел од Изборот за песна на Евровизија додека трае војната во Газа како казнена мерка за палестинските цивилни жртви, јавува Ројтерс
Организаторотѕ Европската радиодифузна унија (ЕБУ) досега се спротивставуваше на повиците на некои уметници и активисти Израел да биде исфрлен од европскиот годишен натпревар кој ќе се опдржи од 7 до 11 мај.
Белгискиот министер за култура, кој зборува француски, Бенедикт Линард, и неговиот фламански колега Бенџамин Дале, ги додадоа своите гласови.
„Исто како што Русија беше исклучена од натпреварите и Евровизија по нејзината инвазија на Украина, Израел треба да биде исклучен додека не стави крај на своите флагрантни прекршувања на меѓународното право, кои предизвикуваат илјадници жртви, особено деца“, објави Линард на ‘X’.
Нема одговор од ЕБУ, ниту од Израел, кој вели дека е жртва на оцрнувачка кампања поради напорите за искоренување на милитантите на Хамас од палестинската енклава.





