Израел изврши нови воздушни напади врз Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, додека сложените преговори за прекин на огнот продолжуваат.



Во бомбардирањето на Појасот Газа во последните 24 часа загинаа 97 лица, соопшти Министерството за здравство на Хамас.

Меѓународната заедница е загрижена за судбината на речиси еден и пол милион Палестинци кои се засолниле во Рафах.

Советникот на американскиот претседател за Блискиот Исток, Брет Мекгурк, се очекува во четврток во Израел за да се обиде да го надмине ќор-сокакот во разговорите за прекин на огнот. Пред тоа тој го посети Каиро.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави претстојна копнена офанзива врз градот за да го порази Хамас во неговото „последно упориште“ и да ги ослободи заложниците.