Измените на Законот за локална самоуправа во Собранието, за да се одбегнат вонредни избори за градоначалници во Сарај, Аеродром и Гостивар

„Влегуваат во собраниска процедура предлог-измените на Законот за локална самоуправа со кои треба да се избегне одржување на вонредени избори за градоначалници во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годинава.“ – објави информативната агенција „Макфакс“.



„Макфакс“ пишува: „Многу наскоро ќе се најдат на дневен ред во Комисијата за локална самоуправа на Собранието на Македонија предлог-измените на Законот за локална самоуправа. Со нив се предвидува да нема предвремени локални избори, а сегашните вршители на должноста градоначалници да го истуркаат мандатот до редовните избори во октомври догодина.“ – вели претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки.
Тој додава дека ќе ја свика Комисијата согласно со деловничките постапки и очекува поддршка и разум од сите пратеници, со оглед дека се потребни двотретинско мнозинство, но и „бадинтерово“ мнозинство, за да биде изгласан законот. „Имајќи предвид дека до распишувањето нови редовни локални избори има помалку од 12 месеци, но и тргнувајќи од најдобриот интерес на граѓанинот, начелото на економичност и економска состојба во државата, со предложените законски решенија ќе се постигне целта, заради која е предложен овој предлог закон.“ – стои во предложените законски измени. Меѓу другото, се наведува дека занивно негово спроведување нема да бидат потребни дополнителни пари од Буџетот.
Предлог- измените на на Законот за локална самоуправа беа доставени до Собранието пред два дена по скратена постапка. Негови предлагачи се се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на коалицијата ВРЕДИ Халил Снопче и на ЗНАМ Бобан Карапејовски. Ако не помине предлог-законот, тогаш според сегашното законско решение во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за градоначалници.