Лондон ќе биде домаќин на изложбата посветена на кариерата на американските музичар Принс кој почина во 2016 година. Изложбата е наречена „Се викам принц“ и на неа ќе бидат прикажани инструменти, награди и модни додатоци на музичарот.
Голем дел од оваа изложба ќе биде посветен на албумот „Purple Rain“, а меѓу модните детали ќе бидат изложени комплетите за шминка, накит и очила за сонце. Изложбата е поставена во источниот дел на Лондон, каде Принс одржа концерт во 2007 година, и ќе трае до 7 јануари 2018 година.
Педесет и седум годишниот музичар почина ненадејно на 21 април 2016 година во својот дом од преголема доза на лекарства.


Принс, чие вистинско име е Принс Роџерс Нелсон е еден од најголемите музичари на 80-тите и 90-тите години со хитовите како што се „Cream“ и „Kis“, во кои тој ги мешал гитарските рифови со поетски стихови во ритамот на фанк. Многумина веруваат дека неговиот најголем хит е „Purple Rain“.
Тој е автор на стотици песни и има освоено шест Греми награди и еден Златен глобус, како и престижната награда Оскар за оригинална песна „Purple Rain“ од истоимениот филм од 1985 година.





