Претседателот на „Демократско движење“ и еден од лидерите на коалицијата „ВЛЕН“, Изет Меџити, во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече деке денеска со ВМРО-ДПМНЕ нема да се разговара за распределба на функционерските позиции во новата власт.
– Денеска ќе се разговара само за принципите и како да се состави една заедничка владина програма во која ќе најдат место предизборните ветувања. За функционерски места ќе разговараме во следна фаза, рече поранешниот градоначалник на Чаир.
Меџити рече дека „ВЛЕН“ нема потпишано никаква платформа со ДУИ за барање на албанските политички партии од секоја нова влада да спроведе уставни измени како услов за коалицирање со партија од македонскиот блок.
– Тоа Бујар Османи и Артан Груби ја лажат јавноста. Ако има такво писмо, нека го покажат во јавноста што е можно побргу, кажа Меџити.
Тој порача дека заканите на ДУИ дека мора да бидат дел од власта се неаргументирани во земја-членка на НАТО.






