Изгубена политичка реалност – Хаос и се случува на партнерка на Ковачевски

Љупчо Јаневски е крајно десно на насловната фотографија



Политичка капитулација доживува Демократската Обнова на Македонија – ДОМ под лидерство на Маја Морачанин која заедно со Моника Зајкова важи за главна партнерка на Ковачевски во неговата коалиција.

Според партиски фактор капитулацијата на Морачанин се потврдува со шестото место на листата од коалицијата предводена од СДСМ.

Ова е ставот на долгогодишен функционер на ДОМ на Маја Морачанин која за себе доби место на листите на СДСМ за пратеници кое не гарантира дека партијата ќе има пратеник во идното Собрание.

Љупчо Јаневски кој цела деценија е водечки оперативец на ДОМ бара поради капитулацијата која ја потпишала лидерката Морачанин да си даде оставка.

,,Изгубената политичка реалност, неспроведување на одлуки од Централниот и Извршниот одбор, поразително лошите кадровски политики, немањето на јасен став кон членовите и поддржувачите на партијата успеа по два пратеници во 2018 и 2021 година да ја сведе на едно шесто место избоксувано лично за себе во ИЕ1.

Денешниот закажан Централен Одбор е доведен до политички и временски ќорсокак а од него ќе се бара да потврди капитулација на ДОМ!

Како поранешен Организациски секретар на партијата 2014-2018 и Генерален Секретар 2018-2022 година и активен член на Извршен и Централен на партијата сметам:
Се има свое време и секоја работа под небото има свое време;

Време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото;
Време кога се урива,и време кога се гради;
Време кога се плаче,и време кога се смее;
Време кога се расфрлаат камења, и време кога се собираат камењата;
Време кога се чува,и време кога се растура;
Време кога се прегрнуваш, и време кога ги одбегнуваш прегратките;

Според Јаневски време е Морачанин после шест години какво такво лидерство на партијата ДОМ да ја прифати реалната состојба да преземе одговорност и поднесе неотповиклива оставка на местото преседател на Демократската Обнова на Македонија -ДОМ!