Група Новозеланѓани изградиле песочен остров во крајбрежните води на Нов Зеланд, во креативен обид да ја избегнат забранaта за пиење алкохол на јавни места.
На вештачкиот остров тие наместиле маса за пикник, кутија со мраз и пакет со пијалаци.
Според нивно тврдење, тие се наоѓале во „меѓународни води“ и на тој начин не го кршат законот и треба да бидат изземени од официјална забрана за алкохол во таа земја.
Групата се забавувала и конзумирала алкохол во новогодишната ноќ, гледајќи го огнометот на копното, објави веб-страница од Нов Зеланд – а островот се уште не е „демонтиран“ од властите.
Во Нов зеланд е на сила закон кој забранува јавно пиење алкохол е во текот на новогодишниот период, а оние кои ја прекршуваат забраната се соочуваат со парична казна од 250 американски долари или апсење.
Меѓутоа, властите се чини, не можеа да преземаат никаква иницијатива, пишува Би-би-си.
„Тоа е креативно размислување – доколку знаев (за тоа), најверојатно ќе им се придружев“ изјави командантот на локалната полиција, инспекторот Џон Кели, кога беше прашан за песочниот остров.





