Избрза ли Вардар со напаѓачот Максимов?

Македонскиот фудбалски првак се соочува со проблем при официјализирање на ангажманот на Максим Максимов од Тракаи. Црвено црните го најавија напаѓачот како големо засилување, но литванскиот клуб се заканува со пријава до ФИФА поради навдна нерегуланост во трансферот. Всушност од Тракаи велат дека воопшто нема трансфер зошто за Максимов нема откупна клаузула и дека без потпис на клубот ништо не е валидно. Литванците предупредуваат дека ако фудбалерот не се врати назад, случајот ќе се префрли во ФИФА, а Вардар може да се соочи со сериозни казни од типот на забрана за трансфери.



Ова инаку е седмица во која Вардар, фудбалот, Лига Европа одново ќе бидат најважните во нашиот спорт. В четврток во Скопје доаѓа Зенит и се игра првата средба од групната фаза и поконкретно од групата Л.