Изборниот законик пред пратениците – ќе може да се гласа со истечени лични документи

После подолго време алармирање од страна на техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, дека на повеќе од 100.000 граѓани ќе им биде прекршено уставно загарантираното право на глас, пратениците конечно подготвија измени во Изборниот законик со кој ќе може да се гласа со документ ако неговата важност е истечена во последните девет месеци до денот на изборите.



Сепак, прогнозите на техничкиот премиер дека може да се стигне да се издадат сите потребни документи, на терен се покажаа погрешни. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ поднесоа измени, во пакетот измени на ИЗ кои се однесуваат на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Во предлог текстот, се вели дека предложеното законско решение е во насока на подобрување на изборниот процес и обезбедување на еднакво, демократско и слободно избирачко право.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична ка

– Преку предложените законски измени се имплементираат препораките на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР нотирани во конечните извештаи за изборите во државата во изминативе години и тоа препораки во делот на законската рамка, постапката на приговор и жалбената постапка за заштита на избирачкото право, набљудувањето на изборите регистрацијата на гласачи, изборната кампања, финансисрањето на капањата, медиумско преставување во изборниот процес. Овие препораки и нивното имплементирање се со цел да подобри спроведувањето на изборите во државата и да се поддржат напорите за нивно целосно усогласување со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, стои во предлог текстот.

Со предлогот на законот се воведува Центар за континуирана едукација во Државна изборна комисија со која се обезбедува континуирана обука за изборната администрација, гласачите, учесниците во изборниот процес, овластените претставници на подносителите на листи, медиумите, набљудувачите на изборите и сите заинтересирани кои на било каков начин имаат учество во изборите. Понатаму, измените се во насока на подобро функционирање на изборната администрација односно редовно ажурирање на базата на податоци на државните и јавните службеници што се користи за селекција на изборните службеници, со цел да се обезбеди непречен и ефикасен процес на селекција.