Славниот бразилски клуб потпиша прв професионален договор со својот младинец по име Маркс Ленин. Веста брзо го обиколи светот поради звучното име, па и презиме на 17. годишниот талент кој потекнува од школата на Фламенго.



Договорот на Маркс Ленин ќе биде до 2020. година, а дека тоа не е само маркетишки трик говори податокот дека тој има настап за репрезентацијата на Бразил до 15 години. Целосното име на момчето е Маркс Ленин Дос Сантош Гонсалвеш што и не е така чудно во Јужна Америка каде левичарските движења се уште се доста силни, а идеолозите на социјализмот или лидерите на земјите во кои тој беше државно уредување, беа доста популарни. Ќе се сетиме дека на Светското првенство во 2014. година хит беше фудбалерот на Коста Рика со име Елцин Техеда.