12.1 милион гледачи и плус уште 4 милиони на стриминг ја гледале последната епизода од сега веќе епската серија. Тоа е далеку повеќе, всушност 36% повеќе од публиката која ја видела во првото издание последната епизода од претходната шеста сезона, која била следена од 8.9 милиони лица. Ова се податоци од маркетинг агенцијата Nielsen која ги мереше бројките додека „Играта на престолите“ го имаше за сега крајното праче.
Серијата на HBO е создадена според мотиви од романите на американскиот писател Џорџ Мартин „Песна за оганот и мразот“ и доживеа светска слава. Премиерата на првата сезона на проектот, кој подоцна доби огромна популарност низ целиот свет, се одржа во април 2011. година. Серијата е еден од најскапите проекти во историјата на американската телевизија. Последната, осма сезона, се очекува да излезе во етерот во текот на следната година, но по овие бројки не е најсигурно дека тука серијата ќе заврши.




