Извонредниот среден бек на црвено црните во интервју за хрватските медиуми нагласува дека ќе остане во Скопје и во следната сезона, што е од исклучителна важност за сочувување на добар тим во континуитет. Игор Карачиќ смета дека егзодус ќе го зафати летово Европскиот ракометен првак.



„Сигурно останувам бидејќи имам договор и за следната сезона. Потоа не знам. Ќе видиме што ќе биде. После оваа сезона ќе имаме многу промени во играчкиот кадар. Многу ќе заминат, но очекувам и да дојдат засилувања“ вели Карачиќ.

Вештиот среден бек во моментов се бори за место во својата селекција за Европското првенство што се одржува токму во неговата земја, Хрватска, но нам ни е интересен делот со очекувањата со Вардар.

„Императивот е да се пласираме на Ф4, но се надевам дека нема да застанеме на тоа. Не очекува пауза во Лигата на шампионите до февруари и ќе се обидеме што подобро да се подготвиме за следните предизвици. Ќе одиме чекор по чекор, како што правевме и во претходната сезона“ изјави хрватскиот бек.