Калин Ивановски утре од 10 часот ќе се бори за трофејот на тенискиот турнир во хрватскиот град Опатија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 15.000 американски долари.



По елиминацијата на вториот носител во четвртфиналето, првиот македонски рекет, кој неделава е 1325. на АТП-листата во сингл, во полуфиналето го исфрли и третиот фаворит Михаел Врбенски (406.) исто така од Чешка, совладувајќи го со 6-4, 3-6, 6-3 по 2:37 часа игра.

Противник на 20-годишниот Ивановски во финалето ќе му биде првиот носител и врсник Лука Микрут (360.) од Хрватска.

Пред 11-месечната пауза поради операцијата на колкот најдобриот македонски тенисер во октомври 2023 година го имаше својот највисок ранкинг – 305. место во поредокот на АТП во поединечна конкуренција.