Калин Ивановски се пласира во полуфиналето на тенискиот турнир во хрватскиот град Опатија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 15.000 долари.
Првиот македонски рекет, неделава 1325. на АТП-листата во сингл поради долгото отсуство поради повреда, во четвртфиналето го елиминира вториот носител Зденек Колар (399.) од Чешка со 6-3, 7-6 (4) по 2:19 часа игра и утре од 10 часот за место во финалето ќе се бори со третиот фаворит Михаел Врбенски (406.) исто така од Чешка.
Дваесетгодишниот Ивановски во октомври 2023 година го имаше својот највисок ранкинг на 305. место.






