Претседателот на Алтернатива и еден од лидерите на ВРЕДИ, Зеќирија Ибрахими, вели дека Калицијата “не е и не треба да биде калкулатор кој го пресметува начинот на кој се добива корист од власта“.
„Идејата за воспоставување на ВРЕДИ беше и останува уништување на гнилиот систем и негова замена со нов систем, без корупција, како и со нова визија за претставување. (…)
На последните избори, граѓаните Албанци ни ја дадоа довербата за ова и ни дадоа мандат. И следните избори бараат ист одговор. ВРЕДИ е идејата што вреди“, напиша Ибрахими, пренесе Телеграфи
Објавата на Ибрахими доаѓа по некои гласини кои кружат во јавноста за можното заминување на Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ, бидејќи, наводно, барал 40 отсто од кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори да бидат од Алијансата за Албанците.
Таравари денеска изјави дека „состојбата и во коалицијата, но и во владината коалиција воопшто, е добра“.
Коалицијата „ВРЕДИ“, покрај Алијансата за Албанците на Таравари, која последна се приклучи, ја формираа Движењето „Беса“ на Биљал Касами, „Алтернатива“ на Африм Гаши и „Демократското движење“ на Изет Меџити.






