Еден од лидерите на коалицијата Вреди Зеќирија Ибрахими реагираше со остри тонови кон критичарите на Законот за правична и соодветна застапеност, користејќи метафори за да го опише однесувањето на албанската опозиција. Во објава на општествените мрежи Ибрахими напиша: „Кога лисицата не можеше да ги достигне гроздовите на лозницата рече: ‘Кисело е.’ Сегашната албанска опозиција, додека беше на власт во текот на 22 години не постигна да донесе ваков закон, а сега го напаѓа новот закон за правилна и соодветна застапеност, велејќи ‘не е добар’. Како што и за лисицата ‘грозјето е кисело, бидејќи не може да го дофати’. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“.
Порталот натаму истакнува: Споредувајќи го деструктивниот пристап на опозицијата, Зеќирија Ибрахими наведе и втора народна поговорка, велејќи: „Кога ѝ изгоре опашката на лисицата, таа помисли дека целиот свет е изгорен!“
Ибрахими истакна дека нападите врз законот не се ниту принципиелни, ниту програмски, туку произлегуваат од разоткриената неспособност на партиите кои со децении владееле без никакво решение на оваа витална тема. „Семантиката на лисицата во нашиот фолклор е лукавство, измама и заговор. – објави „Актуале“.







