„Зеќирија Ибрахими од Вреди во интервју за Ора 24.ТВ зборуваше за идеите, што ги шират политичките противници дека оваа влада е противалбанска. Тој наведува бројни аргументи зошто оваа Влада не противалбанска, туку оти е многу заалбанска.“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
Порталот ја цитира изјавата, што ја даде Ибрахими во овој контекст: „Реално, никој нема аргументи дека е оваа влада противалбанска. Напротив Албанците се доволно добро застапени во неа. Презедовме забележливи чекори, кои ја докажуваат заштитата на албанските интереси. Во оваа влада го немаме случајот ‘Монструм’, ниту афера како Маѓар телеком. Во оваа Влада немаме ‘црни листи’, во неа немаме ‘непожелни личности’ – ‘персони нон грата’. Немаме ‘Соравија’ во оваа Влада. Но, во неа имаме 34 милиони евра за универзитетскиот кампус ‘Мајка Тереза’. Во оваа влада го имаме отворањето граничен систем со едношалтерски систем. Во неа секоја година се издвојуваат повеќе од 80 милиони евра за развој на албанските општини. Во оваа Влада продолжува Коридорот 8.“






