Ибрахими: Криминалците се закануваат со „дестабилизација“, но така велат, оти се плашат од затвор и од мерките на правната држава!

„Претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибрахими во објава на фејсбук пишува дека правната држава е неопходност за повторната изградба на довербата во правосудните институции.“објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“, пренесувајќи ја објавата на Ибрахими на неговиот профил на таа општествена мрежа.



Во објавата Ибрахими истакнува: Криминалот и корупцијата на претходната власт наскоро ќе се соочат со последиците. Остануваме решителни во ова ангажирање.

Затоа, кога ќе слушнете како закануваат со „дестабилизација“ бессилни политичари, на кои им минало времето, тогаш знајте дека тоа говори кај нив стравот, поради дејствувањето на правната држава. Еден од нив признал дека е корумпиран и направил пазар, за да избега од затвор. Но, овој процес продолжува…