„Оние, кои реагираат во врска со официјалните покани, за да учествуваме на инаугурацијата на претседателот Трамп, добро е да ги прашаме: зошто никој не ги покани нив? Зошто Зијадин Села и Али Ахмети не беа поканети? Тие треба да кажат пред јавноста и дали имаат американски визи? Зијадин Села нека го праша Али Ахмети дали има американска виза?!“ – истакна лидерот на Алтернатива Зеќирија Ибрахими по враќањето од Вашингтон во изјавата за весникот на албански јазик „Лајм“.
Во својата реакција кон Зијадин Села и Али Ахмети челникот на Алтернативва Ибрахими додаде: „Ако тие не дадат одговори на поставените прашања, тогаш можеме и ние да изнесеме другите детали.“





