Ибрахими: Знам е безначајна партија! – За Вреди воопшто не е важно што ќе кажат!

„Претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибрахими рече дека ЗНАМ е безначајна и периферна партија. Според него, не е важно што велат тие и оти темите, што ги покренува ЗНАМ не ја поставуваат коалицијата Вреди пред никаква обврска.“ – објави ТВ 21.

„За нас ЗНАМ воопшто не е важна партија. Таа е мала, периферна политичка партија и воопшто не е важно што ќе кажат. Тие можат да зборуваат за кое било прашање, но тоа пред нас не поставува никаква обврска, било да е темата за знамето, или кои било други теми.“ – посочи Зеќирија Ибрахими.