Зошто согорувањето е проблем, а загревањето може да биде и дел од решението

Согорувањето во било кој облик е штетно – мотор со внатрешно согорување, оган за огрев или цигари. Секој од овие процеси на согорување испушта штетни материи во воздухот, кои ја загадуваат околината.



Со децении наназад иновативни откритија помагаат да се ослободиме од согорувањето, па во денешно време, емисиите на штетни гасови се помали кај електричните возила, инвертер системите се подобри од греењето на дрва, а до неодамна науката бараше решение за елиминирање на согорувањето кое настанува со палење цигара.

И тоа може да биде токму во загревањето.

Зошто согорувањето е проблем?

Кога ќе се запали цигара, доаѓа до согорување и температура достигнува и до дури 900 степени Целзиусови. Тогаш се создава чад, преку кој се ослободуваат повеќе од шест илјади материи, меѓу кои за околу 100 се знае дека се штетни и потенцијално штетни.

Пушачите воглавно се свесни за штетните последици од својата лоша навика и најдобро решение за нив е веднаш да престанат да пушат.

Меѓутоа, постојат и такви кои од различни мотиви не се откажуваат.

Затоа е важно да се информираат за алтернативите и да донесат одлука како на најефикасен начин да се ослободат од главниот причинител на болести, односно чадот.

Кои се главните разлики помеѓу цигарите и алтернативите?

Кај алтернативите, како што е IQOS, уред од категоријата која користи технологија на загревање, не доаѓа до согорување на тутунот, па затоа не се создава чад.

Научно е докажано дека така во просек се произведуваат до 95 проценти помалку штетни состојки во однос на чадот од цигарите, што не значи дека е без ризик, бидејќи ослободува никотин, кој предизвикува зависност.
Уште еден важен пример на разликата помеѓу цигарите и подобрите алтернативи е отсуството на катранот.

Кај IQOS нема катран, нема пепел, нема чад и значително се намалуваат непријатните мириси кои се задржуваат на косата, кожата, облеката и во просториите.