Зошто со тврдењето дека нема имот во Обединетите Арапски Емирати СДСМ го стави во незгодна ситуација својот лидер.
По изјавата од партијата дека тој НЕМА ИМОТ ВО ОАЕ а нема ни 5 годишно искуство, Курир прашува како тогаш Филипче добил ЗЛАТНА виза?
За да има златна виза без имот, треба да има верификувана диплома (што можеби и не е спорно, но не е докажано) и 5 ГОДИШНО РАБОТНО ИСКУСТВО во ОАЕ, пишува Курир од каде ги откриваат двете опции за златната виза на лидерот на СДСМ.
,,Има две опции. Или Филипче ПЕТ ГОДИНИ работел во ОАЕ без никој да знае дека работел или ЗЛАТНАТА ВИЗА ја добил на некој „друг“ начин”, пишува Курир.
„Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот“ соопшти денеска СДССМ во обид да со испере „лидерот“ од кашата која сам си ја замеси со тотално различните одговори дали има или не ЗЛАТНА ВИЗА за Дубаи и ОАЕ.
Тој самиот пред една недела дрско негираше пред новинарите дека има ЗЛАТНА ВИЗА, за да набргу кај политикантите Борјан и Сашо да соопшти дека има, ама била на СТЕНД БАЈ. Демек, ја добил пред да стане претседател на СДСМ.
Зошто СДСМ го дозаглавија со тврдењето дека нема имот во ОАЕ?
За да има златна виза без имот, треба да има верификувана диплома (што можеби и не е спорно, но не е докажано) и 5 ГОДИШНО РАБОТНО ИСКУСТВО во ОАЕ. Има две опции. Или Филипче ПЕТ ГОДИНИ работел во ОАЕ без никој да знае дека работел таму, се „клонирал“ или, поверојатно ЗЛАТНАТА ВИЗА ја добил на некој „друг“ начин.
Македонските граѓани очекуваат одговор од СДСМ за недостигот на 5-годишното работно искуство на Филипче во Дубаи или каде и да е во Емиратите. Или, сепак, гради облакодери со Заев во ОАЕ, прашуваат по социјалните мрежи…”, пишува Курир.






