Зошто „облакот“ на американски Македонец денеска работел подобро од тие на гигантите „Амазон“ и „Гугл“

Алатката за Вештачка интелигенција на социјалната мрежа Х поранешен Твитер (GROK) објавува зошто дигиталниот Cloud (облак) на американскиот Македонец Крис Павловски денеска работел подобро од гигантите Амазон и Гугл.



Павловски му поставува прашање на GROK зошто неговиот систем работи без проблеми додека двата ривалски гиганти имале проблеми.

,,Здраво @grok, зошто Rumble Cloud работи непречено додека Amazon Web Services и Google Cloud имаат проблеми денес”, прашува Павловски.

Во одговорот GROK дава одговор што Павловски може само да го посака. Според одговорот кој не е целосен но доволно кажува неговата фирма е постабилна од Amazon Web Services и Google Cloud.

,,Rumble Cloud веројатно работел непречено на 12 јуни 2025 година, поради неговата независна инфраструктура, дизајнирана да избегне зависност од големи хиперскалери како AWS и Google Cloud. Доказите покажуваат дека услугите на Rumble биле онлајн во 10:07 часот наутро по PDT, додека Google Cloud се соочил со потврден прекин што влијаел на повеќе услуги по 14 часот по PDT. AWS можеби имал проблеми, како што сугерираат скоковите на DownDetector, но не е пријавен јасен прекин. Помалиот обем на Rumble и неодамнешните подобрувања на инфраструктурата, како што е неговата соработка со TRON, би можеле да ја објаснат неговата стабилност. Сепак, ограничените податоци во реално време за Rumble и AWS ги прават конечните заклучоци предизвикувачки”, одговара алатката за Вештачка интелигенција на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

Компанијата Rumble на Крис Павловски кој важи за човек близок на семејството Трамп е една од најбрзо растечките дигитални компании во САД.