Зошто ЕУ имаше добри намери а се пошегува со Балканот во Трст?

Дебаклот со Косово кое што ја блокираше идејата на ЕУ за Балканска царинска унија не беше единствената негативна последица од самитот за Западен Балкан, што го организираше италијанскиот премиер Џентилиони, а кој во суштина е екстремно позитивен за регионот поради драстично зголемениот интерес за него во Брисел.



Очекуваното вето на Приштина да се согласи да се откаже од дел од своите приходи (царинските давачки) во интерес на зближување на регионот не беше единствено фијаско во Трст каде што ЕУ покажа дека има свои причини да се грижи за Балканот и во исто време покажа дека самитот е импровизација без соодветна подготовка.

Она што за дел од набљудувачите на односите Брисел – Балканот е енигма а за дел симбол на јасен показател за неискреноста на ЕУ навистина на краток рок да стори нешто значително за Балканот е одлуката на европските лидери наредниот ваков самит да се случи во Лондон.

Балканските земји не можат јавно да коментираат и поради Брисел и поради Лондон но голем дел од нејзинита претставници во Трст оваа одлука ја доживуваат како шега на сметка на аспирациите на балканските земји да санат дел од ЕУ.

Иако Велика Британија е земја која што ќе остане во Европа и ќе има блиски односи со ЕУ сепак нејзиниот правец е кристално јасен, да биде надвор од унијата и со самото тоа идниот самит или да пропадне целосно или да се претвори во фијаско.

Шегите на сметка на Лондон како катализатор на европските процеси во Трст се збогатени со  виц според кој  Велика Британија како земја што нема да биде во ЕУ на земјите од Балканот може да им понуди да станат дел од Обединетото Кралство во случај Шкотска да го напушти истото.