Квази социјалдемократот Венко Филипче е еден од најодговорните за актуелната состојба во која се наоѓа СДСМ, реагираат од партијата ЗНАМ.
-Би сакале да ја потсетиме јавноста, додека некогашната државотворна СДСМ се бореше против режимот на Груевски, наметнатиот носител на листа од СДСМ во ИЕ 4 беше прв советник на министерот за смрт Никола Тодоров и беше дел од најкриминалната Влада на Груевски. По доаѓањето на власт на СДСМ, беше исфорсиран од семејството Заеви да биде министер. Сега е јасно зошто. Всушност тој е бизнис партнер на Зоран Заев. Тешко на тоа раководство, кое Филипче го брани од партијата каде што се втемелени вистинските илинденски и АСНОМ-ски вредности и принципи, а тоа е Движењето ЗНАМ-За наша Македонија“, соопштија од ЗНАМ.




