Подржувачи на ултрадесничарската „Златна зора“, протестираа пред зградата на грчкото МНР за време на средбата на македонскиот вицепремиер Бујар Османи со своите домаќини.
Лидерот на „Златна зора“ Никос Михалољакос, го објасни протестот со нивната намера да се спротивстават на „распродажбата на името Македонија, кое за целиот грчки народ не е само име, туку е нивната душа и нивна историја“.
Пред грчкото МНР, насобраните истакнале транспарент на кој пишуваше „Македонија е грчка“, а упатуваа навредливи зборови како „предавници“, „тргнете ги рацете од Македонија“, „отстапување на името на државичката Скопје е национална распродаба“, јави Канал5.
За 21 јануари најавени се големи протести во Солун од повеќе граѓански здруженија.




