Златев за колумната на Фрчкоски: Ако не се порази длабоката држава ќе ја нема Македонија

Уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев ја коментира колумната на екс амбасадорот Љубомир Фрчкоски во која тој се обидува вината за трагедијата во Кочани да ја префрли на власта на ВМРО-ДПМНЕ.



Според Златев преку Фрчкоски зборува длабоката држава која ако не се победи Македонија ќе престане да постои.

,,Љубомир Данаилов Фрчковски веќе напиша колумна во која ја брани од политичка репресија функционерката која потпишала нелегална лиценца за дискотеката во која загинаа над 60 млади.
Ова е длабоката држава против која владата мора да се избори! Длабоката држава на дело, како се штити самата себеси.
Искрено нема да ме изненади доколку Коцевски сега не ја стави во притвор, само затоа што е избран од истата длабока држава.
Ова е длабоката држава која 30 години ги уништува институциите за својот личен профит.
Овие ништоножници не доведоа до овде. Верувајте, ако Македонија не ја добие оваа битка, нема да постои”, пишува латев за колумната која ја објави Либертас.
Во неа Фрчкоски се обидува да прикаже дека вината за трагедијата во Кочани е на институциите кои ги води ВМРО-ДПМНЕ.

Колкумната прочитајте ја на линкот: Кaко не ви е срам и арам, бре!?  – Либертас