„Новинарот Фуркан Салиу беше денес жртва на македонскиот национализам!“ – со ова тврдење се огласи преку фејсбук Скендер Реџепи-Зејд, претседател на албанската партија Движење на народот, која е дел од така наречениот „Европски фронт“ на Али Ахмети и ДУИ. Објавата на Зејд ја пренесе на својата интернет-страница и телевизијата на албански јазик Шења.
Сакајќи денешниот случај да го стави во функција на партиска пропаганда на својата партија и на нивниот така наречен „Европски фронт“, но и со намера без никакви аргументи да ја нападне ВМРО ДПМНЕ, на својот фејсбук-профил Скендер Реџепи напиша: „Уште пред да започне изборната кампања македонскиот национализам доаѓа до израз преку министерството на ВМРО ДПМНЕ, партија која во минатото ставаше во затвор новинари, затвораше медиуми со единствена цел да шири страв меѓу новинарите и да го замолчи слободниот збор. Оваа акција е брутален напад кон слободниот збор, но и кон Албанците, заради поттикнување меѓуетничка напнатост во земјата. Ги повикуваме меѓународните чинители да интервенираат час поскоро и да се ослободи новинарот Фуркан Салиу.“





