Земјотрес со јачина од 2 степени регистриран во Скопје и околината

Вечерва во 20:35 часот во околината на Скопје е регистиран земјотрес со јачина од два степени според Рихреровата скала, информира Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија.



Оттаму информираат дека епицентарот е во скопското подрачје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Во 19:30 часот, пак, како што информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) е регистиран земјотрес на македонско-косовската граница.

Засега од ЕМСЦ не објавија детали за земјотресот, ниту која е неговата јачина.