„Изненадувачки развој на настаните со големи политички последици ја потресе сцената во Гостивар денес. Локалниот огранок на Демократската унија за интеграција (ДУИ) се огласи со цврст став: не го прифаќа Арбен Таравари како кандидат во градот Гостивар, и покрај гласините за можен политички договор на централно рамниште.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“ во својата информација со наслов „Револт во Гостивар: Огранокот на ДУИ не го прифаќа Таравари како кандидат“.
Натаму порталот пишува: Извори блиски до локалниот огранок на ДУИ јавуваат за внатрешни тензии и силно противење на идејата Таравари, моментално централна личност во албанската опозиција и поранешен градоначалник на општина Гостивар, да биде поддржан како кандидат од ДУИ на претстојните избори. „Ова е црвена линија за нас. Структурата на огранокот во Гостивар е обединета во оваа одлука. Нема место за Таравари на нашите листи.“ – изјави за локалните медиуми висок функционер на огранокот на ДУИ, барајќи да остане анонимен.
Оваа одлука доаѓа во време кога се очекуваше попрагматичен пристап од ДУИ по неодамнешните случувања на албанската политичка сцена во Македонија. Отфрлањето на Таравари би можело дополнително да ги продлабочи поделбите и да ги усложни напорите за поширока соработка на опозицијата, или за каков било нов политички договор. – објави „Алфакс“.







