Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното
видео обраќање, рече дека војната се движи „на територијата на агресорот“, по операцијата на украинските вооружени сили во руската област Курск.



„Денеска врховниот командант Сирски неколку пати известуваше – за фронтот и нашите акции и префрлување на војната на територијата на агресорот.

…Украина докажува дека навистина знае како да ја врати правдата и гарантира точно каков притисок е потребен – притисок врз агресорот“, рече Зеленски.

Претседателот не ја коментираше подетално офанзивата на украинските вооружени сили во областа Курск.

Во исто време, тој додаде дека украинските борбени бригади се навистина ефикасни во одбраната на земјата, уништувајќи го окупаторот.

Украинските акции на територијата на Русија започнаа на 6 август, а до сега официјален Киев не коментираше и не даваше информации од јавен карактер.

Прво, украинските трупи влегоа во регионот Курск, и ја презедоа контролата врз дистрибутивната гасна станица Суја, единствената влезна точка за рускиот природен гас во Европа.

Руската Федерација прво прогласи вонредна состојба во областа Курск, а потоа режим на антитерористичка операција на територијата на три региони – Курск, Белгород и Брјанск.