Зеленски сега вели мирот е потребен што е можно поскоро, гинеле луѓе

Два дена по катастрофалниот состанок во Белата Куќа и кавгата со Трамп и Венс украинскиот претседател Зеленски почна да зборува за потреба од итен мир.



Во изјава објавена на Твитер Зеленски најавува други чекори и вели дека работи со САД и партнерите од Европа.

Вели дека војната ги уништува градовите и населбите и ги убива луѓе.

,,Продолжуваме со нашата работа со партнери. Веќе имавме разговори и други чекори кои следуваат наскоро.

Многу е важно да се обидеме да ја направиме нашата дипломатија навистина суштинска за да заврши оваа војна што е можно побрзо.

Ни треба вистински мир, а Украинците најмногу го сакаат затоа што војната ги уништува нашите градови и населби. Ги губиме нашите луѓе. Треба да ја запреме војната и да ја гарантираме безбедноста.

Работиме заедно со Америка и нашите европски партнери и многу се надеваме на американската поддршка на патот кон мирот. Потребен е мир што е можно поскоро”, објави Зеленски.