Украинскиот претседател уште еднаш го повика американскиот Конгрес да го одобри финансирањето на Украина што е можно поскоро, зашто поради разногласдието меѓу конгресмените, Украина веќе пропуштила половина година.



Зеленски истакна дека до моментот кога Украина не знае дали може да има постојана поддршка од САД, „ќе бидеме на позицијата во која се наоѓаме“.

Тој додаде дека сега украинските вооружени сили можат да напаѓаат во ограничен обем, „но за да ги истуркаме Русите ни треба повеќе оружје“, нагласи шефот на државата.

Зеленски смета дека противниците на помошта за Украина не ги разбираат целосно опасностите од војната: „Ако Украина падне, Путин ќе го подели светот на пријатели и непријатели на Русија“.

Зеленски рече дека руските напади врз енергетскиот систем на Украина се голем проблем, но најави дека ќе возврати со иста мерка.

„Бидејќи немаме противвоздушна одбрана за да го заштитиме нашиот енергетски систем, а Русите не напаѓаат, прашувам: Зошто да не можеме да возвратиме?

Нека научи и нивната јавност да живее без бензин, без дизел, без струја. Тоа е фер“. – заклучи Зеленски.

Во последниот месец, нападите со украински беспилотни летала на руска територија зачестија и успеаја да онеспособат четири големи руски нафтени рафинерии.