Зеленски: Војната ќе заврши догодина доколку…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската војна против Украина најверојатно ќе заврши во наредната година.



„Кога ќе заврши војната?
– Кога Русија сака војната да заврши.
– Кога САД ќе заземат посилна позиција.
– Кога глобалниот југ стои покрај Украина и стои до крајот на војната“, рече Зеленски во разговор со претставници на странски медиуми во Киев на третата меѓународна конференција за безбедност на храната, „Жито од Украина“.

„Тоа нема да биде лесен пат, но убеден сум дека ги имаме сите шанси тоа да се случи следната година“, ги пренесе неговите зборови новинската агенција Укринформ.

„Отворени сме за предлози од лидерите на африканските, азиските и арапските земји“, продолжи Зеленски.

„Би сакал да ги слушнам и предлозите на новиот американски претседател и мислам дека ќе ги слушнеме во јануари и ќе имаме план да ставиме крај на оваа војна.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во претседателската кампања постојано ставаше до знаење дека сака да ја намали големата американска поддршка за Киев.

Откако е избран веќе не кажува дека во рок од 24 часа ќе ја прекине војната во Украина…