Зеколи: СДСМ и ДУИ затнете муцки: пред камери ЕУ, а зад камери самовладеење! – Неизлечиви пациенти сте!

„Венко Заев носител на листа. СДСМ и ДУИ да си затнат муцките со европската агенда и европските им вредности.“ – реагира поранешниот амбасадор и сегашен политички аналитичар Арсим Зеколи преку својот фејсбук-профил во врска со враќањето на хирургот и поранешен министер за здравство Венко Филипче во политиката како носител на изборната листа на СДСМ во изборната единица број 4. Реакцијата на Зеколи е поврзана и со активностите на Али Ахмети и ДУИ да го оформат „Европскиот фронт“ на партиите, кои ќе учествуваат заеднички со „интегристите“ од тетовска Мала Речица на парламентарните избори годинава. На 28 конгрес на СДСМ беа утврдени имињата на носителите на листите на оваа партија за парламентарните избори. Сосема е јасно дека поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев ги има и ќе ги има под своја контрола најголемиот број на носители и таканаречени соносители на изборните листи, особено Венко Филипче, кој е негов човек од најголема доверба. Затоа Арсим Зеколи подбивно го наведува Венко не со неговото презиме Филипче, туку со „заевизираното презиме“: Венко Заев!



Во својата објава на фејсбук Зеколи истакнува: Се гледа што им е побитно – име, јазик, вредности, Европа пред камери, а зад камери олигархија (севкупна власт во државата во рацете на мала група луѓе – заб.прев.).

Неизлечиви пациенти сте.