,,Здраво живо” со хуман потег, сите производи чинат 140 денари за студенти

Популарната македонска компанија за здрава храна ,,Здраво живо” со месеци прави хуман потег кон сите студенти кои имаат дневна финансиска поддршка од државата во висина од 140 денари.



Без разлика на реалната цена на производите на ,,Здраво живо”, секој студент сега може за овие пари да добие оброк, потврдуваат од компанијата.

,,Како општествено одговорна компанија која апсолутно го поддржува образованието, а најдобро се учи со бистар ум, донесовме одлука пред неколку месеци да секој оброк за доручек и сите слатки за секој студент кој ќе влезе во Здраво Живо е 140,оо денари.
Досега не се рекламиравме многу, но ни спомнаа дека е важно да се знае
Образованието е сила, образованието е моќ”, вели сопственичката на ,,Здраво живо”, Маја Платнар која смета дека не треба да се прави маркетинг од хумани гестови.