Со наредба на сопствениците сите вработени во телевизијата Клан Македонија од вчера се отпуштени од работа, инфомира 4NEWS.mk. Ова е уште еден сигнал дека оваа медиумска куќа со национална лиценца, која во минатото се промовираше како глас на граѓаните, се соочува со крајот на своето постоење, објавуваат повеќе медиуми според кои телевизијата сè уште не ја подмирила годишната обврска кон Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
Рокот за плаќање на концесиите истекува наредната среда по што телевизијата може да згасне затоа што не ги исполнува ниту минималните технички, просторни, финансиски и кадровски услови за радио и ТВ емитување. Оваа состојба утврдила Агенцијата пред четири дена.
Клан Македонија во Февруари повеќе минатата година доби нови сопственици – од Клан Косово, откако претходно беше дел од медиумската групација Клан Албанија на бизнисменот Александар Франгај. Нов менаџер во Скопје тогаш стана Фатон Шоши, сопственик на порталот Индекс онлајн. Како што веќе објавивме, телевизијата ја промени и локацијата – од Сарај кон просториите на Томато продукција, каде некогаш беше сместена и 1ТВ на Бојан Јовановски.
Пред ланските избори од емеил адреса на телевизијата Клан беше лиферувано соопштение во кое се тврдеше дека во текот на вечерни часови во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје наводно била одржана средба меѓу првиот човек на Алијанса на Албанците Арбен Таравари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Претходно и ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека ваква средба се случила, и одговорноста за објавувањето таква лажна вест му ја припиша на поранешниот вицеперемиер Артан Груби а дел од медиумите открија дека оваа телевизија се поврзува со екс министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби со која екс управителот на формата има заеднички приватни фотографии.

Груби подолг период е во бегство и според повеќе неофицијални извори се наоѓа во Албанија.
Телевизијата која емитуваше вести, ток-шоуа, документарни и забавни емисии на македонски и албански јазик преку кабелски оператор, своето прво влегување на медиумскиот пазар го имаше во 2018 година со преземањето на локалната ТВ Арт.
Но, по три години, како што вели тој, тимот почнал полека да се распаѓа – поради лаги за пазарната вредност, недостаток на технички и новинарски кадар и сериозни административни предизвици. Три години без значителни приходи, Клан Македонија опстојувала исклучиво благодарение на истрајноста на сопствениците, сè додека тоа не станало финансиски неодржливо.
Според извештаи на АВМУ Клан и ТВ24 во континуитет им се намалуваат приходите. ТВ Клан и ТВ Сонце оставриле најниски приходи во 2023 година.
Според информации на порталот 4 news има обиди за продажба на ТВ Клан, но реализацијата е неизвесна.






